ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Доставувањето на било каква информација или содржина од страна на Корисникот е доброволно и е предмет на Условите за користење кои се составен дел на оваа Политика за користење и заштита на информациите. (во понатамошниот текст “Политика”). Оваа политика на приватност се однесува само за www.dlkonkord.com.mk и поддомените, а доколку е присутен линк кој поврзува со други веб страни, ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни.
Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци и повремено проверувајте ја истата за најновите податоци од нашата практика за приватност.
Со Вашата регистрација и најавување на нашата веб страна www.dlkonkord.com.mk , изјавувате дека сте запознаени и согласни со содржината на нашата Политика на приватност.

ПРИБИРАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИ

ДЛ КОНКОРД ДООЕЛ има право да собира и користи податоци за Корисниците. Информациите со кои Корисникот може да се идентификува опфаќаат имиња, локација, адреса на е-пошта, телефон за контакт, како и сите други информации што Корисникот доброволно ги внел или се предвидени при користење на Услугите на ДЛ КОНКОРД ДООЕЛ веб-сајтот (достапни преку www.dlkonkord.com.mk).
Сите лични податоци кои корисникот ги внесува преку регистрација се користат за успешна достава на производот и реализација на плаќањето, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.

Личните податоци, доброволно поднесени од нашите посетители: Име, презиме, поштенска адреса, контакт телефонски број и електронска адреса, се прибираат и употребуваат со цел да се исполни побараната нарачка.

Покрај погоре наведените информации, ДЛ КОНКОРД ДООЕЛ има право (но не и обврска) автоматски да зачувува одредени информации кои компјутерот или терминалниот уред ги испраќа до Серверите на ДЛ КОНКОРД ДООЕЛ во врска со Корисничката активност. Информациите се чуваат во лог-датотеки на Серверите на ДЛ КОНКОРД ДООЕЛ и може да опфаќаат информации за веб-страници на ДЛ КОНКОРД ДООЕЛ веб-сајтот кои ги посетил Корисникот, веб-сајтови кои го пренасочиле Корисникот на ДЛ КОНКОРД ДООЕЛ веб-сајтот, веб-сајтови кои Корисникот ги посетил преку Линкови кои се презентирани на ДЛ КОНКОРД ДООЕЛ веб-сајтот, датум и време на тие посети, IP-адреса на Корисникот, тип на интернет прелистувачот што го користи Корисникот, клучни зборови кои ги користи Корисникот при пребарување на ДЛ КОНКОРД ДООЕЛ директориумот, бројот на корисници кои го виделе интернет огласот (банерот) на ДЛ КОНКОРД ДООЕЛ веб-сајтот, бројот на кликнувања на интернет огласите (банерите) на ДЛ КОНКОРД ДООЕЛ веб-сајтот, итн. Овие информации не се поврзани со информациите што го идентификуваат индивидуалниот Корисник и се користи за истражување и следење на однесувањето на Корисникот, неговите навики и интереси, за да се анализира ефикасноста на рекламирањето, заради статистички цели и заради подобрување на понудените Услуги. ДЛ КОНКОРД ДООЕЛ може да ги чува и обработува овие информации во персонализирана форма заедно со други информации за Корисникот што тој ги доставил при регистрацијата или користењето на Услугите. Покрај тоа, ДЛ КОНКОРД ДООЕЛ собира лог-датотеки (датум, време и соодветно извор – IP адреси) кога тоа е според важечки закон, како и лог-датотеки и сите други информации кои се неопходни за електронска репродукција на изјавите што ги дава Корисникот при користење на услугите (на пример прифаќање на Условите за користење, итн), но и идентификација на Корисникот во случај на спор. Информациите се чуваат на сервер сместен на територија на Република Македонија кои се хостирани од МК-Хост.

Вашите лични податоци ние ги користиме во согласност со позитивните законски прописи во Република Македонија.
Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Македонија.
www.dlkonkord.com.mk . не собира никакви информации од финансиска природа како број на Картичка и/или број на банкарска сметка. Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на Халк Банка.
Кога како начин на плаќање ќе изберете плаќање со платежна картичка, наплатата ќе биде процесуирана преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка којшто користи најнова технологија за заштита на Вашите податоци. Бројот на Вашата картичка се испраќа преку сигурна конекција до Халк Банка и веднаш по завршувањето на трансакцијата се брише.
www.dlkonkord.com.mk воопшто не доаѓа во контакт со бројот на Вашата платежна картичка, ниту пак за тоа има потреба.

ПОДАТОЦИ ЗА ПЛАЌАЊЕ

Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето, од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме Халк Банка која е серфитицирана за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку безбедносниот протокол на банката со користење и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка.

УСЛУГИ ПОВРЗАНИ СО ТРЕТИ СТРАНИ

ДЛ КОНКОРД ДООЕЛ може да им овозможи на трети страни, како Facebook, Inc, да објават на своите веб-сајтови јавно достапни содржини од производи и фирми на ДЛ КОНКОРД ДООЕЛ веб-сајтот. Таквите содржини не смеат да содржат лични податоци и се ограничени само на информации за правни лица.

Покрај тоа, по своја волја, Корисникот, на ДЛ КОНКОРД ДООЕЛ веб-сајтот може да сподели (преку Facebook-услугата за поврзување, на пример) информации кои се јавно достапни на други веб-сајтови, вклучувајќи и информации за поврзаност на Корисникот со други веб-сајтови (на пример, пријатели и листи на контакти). Оваа политика не се применува за информации за Корисникот и неговите/нејзините пријатели кои се зачувани на други веб-сајтови. Собирањето, складирањето, заштитата и обработката на тие информации е предмет на условите на тие – други веб-сајтови. Доколку Корисникот не сака неговите/нејзините пријатели, контактите и другите информации за Корисникот што се достапни на другите веб-сајтови да бидат достапни на ДЛ КОНКОРД ДООЕЛ веб-сајтот, тогаш Корисникот има можност да ги измени подесувањата за приватност на неговата/нејзината сметка на другите веб-сајтови.

ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ

Со прифаќање на Условите за користење и оваа Политика, Корисникот се согласува неговите/нејзините лични податоци да се обработуваат за директен маркетинг. Корисникот има право во секое време да се спротивстави на понатамошно обработување на неговите/нејзините лични податоци за директен маркетинг, со испраќање писмено известување до ДЛ КОНКОРД ДООЕЛ на наведената контакт адреса или е-пошта. Корисникот има право да биде информиран пред неговите/нејзините лични податоци за прв пат да се откријат на трето лице или истите да се искористат во нивно име за директен маркетинг, како и да му се даде можност да се спротивстави на таквите откривања и употреби.

ОТКРИВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

ДЛ КОНКОРД ДООЕЛ се обврзува да не открива какви било лични податоци и други информации за Корисникот или за неговото/нејзиното користење на Услугите, како и да не ги открива прибраните податоци на трети лица – надлежни органи, компании, поединци и други, освен:

– кога тоа е предвидено во оваа Политика или во Условите за користење или кога корисникот ќе даде јасна согласност во моментот на регистрацијата или подоцна;
– кога тоа е потребно заради исполнување на некоја законска обврска на ДЛ КОНКОРД ДООЕЛ;
– кога информациите ги бараат државни власти, судски власти или службени лица, кои согласно важечкиот закон се овластени да бараат и прибираат такви информации во согласност со законските процедури и прописи;
– кога откривањето на личните податоци од страна ДЛ КОНКОРД ДООЕЛ е неопходно заради заштита на правата, правните интереси и угледот на ДЛ КОНКОРД ДООЕЛ, т.е кога тоа е поврзано со лицата од ДЛ КОНКОРД ДООЕЛ или Корисниците;
– кога информациите им се откриваат на вработените или соработниците на ДЛ КОНКОРД ДООЕЛ заради активности поврзани со администрирање на ДЛ КОНКОРД ДООЕЛ и користење на Услугите;
– во други случаи утврдени со закон;

ПОЛИТИКА ЗА ЛИЦА ПОД 18 ГОДИНИ

ДЛ КОНКОРД ДООЕЛ веб-сајтот не е наменет за лица под 18 години. ДЛ КОНКОРД ДООЕЛ нема за цел да прибира и обработува лични податоци за лица под 18 години. Во случај лице под 18 години да ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите/нејзините родители и/или старатели, тие треба веднаш да го известат ДЛ КОНКОРД ДООЕЛ.

ИЗМЕНИ ВО ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Повремено ќе ја менуваме и дополнуваме Политиката за заштита на лични податоци за да ги содржи нашите нови практики, како на пример кога додаваме нова услуга, функционалност или опција на сајтот. Можете да видите кога оваа Политика за заштита на лични податоци била последен пат променета според датумот објавен погоре во “Последно обновено”.

КОНТАКТ ВО ВРСКА СО ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Ве молиме контактирајте не ако имате било какви прашања во врска со нашата Политика за заштита на лични податоци. Истото можете да го направите кај офицерот за заштита на лични податоци:
Даниела Божиновска
Адреса на е-попшта: lukovskipetar2002@gmail.com или на телефонскиот број 075/377-909
ДЛ КОНКОРД ДООЕЛ Скопје ул.„Црвена Вода“ бр. 16 Скопје.