ДЛ Конкорд има право да собира и користи податоци за Корисниците. Информациите со кои Корисникот може да се идентификува опфаќаат имиња, локација, адреса на е-пошта, како и сите други информации што Корисникот доброволно ги внел или се предвидени при користење на Услугите на ДЛ Конкорд веб-сајтот (достапни преку dlkonkord.com.mk)

Во образецот за регистрација кој го пополнува Корисникот при склучување на договорот, ДЛ Конкорд јасно укажува на задолжителна или доброволна природа за доставување податоци и последиците од одбивањето истите да бидат доставени. Согласувајќи се со Условите за користење и оваа Политика, Корисникот се согласува дека корисничките информации може да се обработуваат согласно предвиденото во нив.

Давањето на личните податоци кои се означени како задолжителни за доставување во соодветните електронски обрасци за регистрација на ДЛ Конкорд веб-сајтот се неопходни за регистрација на Корисникот, а според тоа и за пристап до Корисничките услуги за кои е потребна регистрација. Не доставувањето на овие информации претставува пречка за вршење успешна регистрација или основа за прекин на соодветната регистрација, еднострано од страна на ДЛ Конкорд, согласно Условите за користење.

Покрај погоре наведените информации, ДЛ Конкорд има право (но не и обврска) автоматски да зачувува одредени информации кои компјутерот или терминалниот уред ги испраќа до Серверите на ДЛ Конкорд во врска со Корисничката активност. Информациите се чуваат во лог-датотеки на Серверите на ДЛ Конкорд и може да опфаќаат информации за веб-страници на ДЛ Конкорд веб-сајтот кои ги посетил Корисникот, веб-сајтови кои го пренасочиле Корисникот на ДЛ Конкорд веб-сајтот, веб-сајтови кои Корисникот ги посетил преку Линкови кое се презентирани на ДЛ Конкорд веб-сајтот, датум и време на тие посети, IP-адреса на Корисникот, тип на интернет прелистувачот што го користи Корисникот, клучни зборови кои ги користи Корисникот при пребарување на ДЛ Конкорд директориумот, бројот на корисници кои го виделе интернет огласот (банерот) на ДЛ Конкорд веб-сајтот, бројот на кликнувања на интернет огласите (банерите) на ДЛ Конкорд веб-сајтот, итн. Овие информации не се поврзани со информациите што го идентификуваат индивидуалниот Корисник и се користи за истражување и следење на однесувањето на Корисникот, неговите навики и интереси, за да се анализира ефикасноста на рекламирањето, заради статистички цели и заради подобрување на понудените Услуги. ДЛ Конкорд може да ги чува и обработува овие информации во персонализирана форма заедно со други информации за Корисникот што тој ги доставил при регистрацијата или користењето на Услугите. Покрај тоа, ДЛ Конкорд собира лог-датотеки (датум, време и соодветно извор – IP адреси) кога тоа е според важечки закон, како и лог-датотеки и сите други информации кои се неопходни за електронска репродукција на изјавите што ги дава Корисникот при користење на услугите (на пример прифаќање на Условите за користење, итн), но и идентификација на Корисникот во случај на спор.